Твитер: Зголемено руско влијание во Македонија за време на празниците

Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија предупреди на зголемено руско влијание во Македонија за време на празниците, преку својот Твитер профил. Руското влијание го поврза со руската салата, па изнуди позитивни реакции од твитерџиите, но и дилеми – дали руската салата е навистина руска?

„Внимание! Во претстојните денови се прогнозира забележително зголемување на #РускоВлијание на целата територија на #Македонија и пошироко. #Руска Салата“

Ваквите твитови не се новина на Твитер профилот на Амбасадата. Пред неколку недели, во екот на аерозагадувањето, откако Амбасадата на САД на Твитер изрази загриженост за ситуацијата и побара идеи за решавање на проблемот, Русите исцртаа гасовод.