Турската полиција уапси француски новинар

Оливие Бертран, француски новинар што работи за медиум од Париз, синоќа бил уапсен од турската полиција додека правел прилог во  југоисточниот округ Газиантеп.

Според директорот на францускиот онлајн медиум lesjours.fr, Изабел Робертс, новинарот бил приведен заедно со фоторепортер. Подоцна фоторепортерот бил пуштен, а Бертран задржан.

„Немаше никава причина за нивното апсење“,  рече Робертс, барајќи од турските власти веднаш да го пуштат новинарот.

francuski-novinar-olivier-bertrand

Оливие Бертран

Инаку, на почетоков на месецов турските власти наредија апсење на девет директори и новинари од опозициски весници.

Според турските медиумски организации, вкупно 118 медиуми беа затворени, 184 новинари притворени, 56 уапсени, 866  новинари отпуштени од нивните работни места, а на 620 им биле откажани прес-картичките во периодот јули-септември, во однос на нивно наводно поврзување со неуспешниот државен удар на 15 јули во Турција.