Трамп: Трансродовите лица не можат да ѝ служат на американската војска

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека трансродовите лица не можат да служат „во кој било капацитет“ во војската.

Тој напиша на Твитер дека се консултирал со воени стручњаци цитирајќи „огромни медицински трошоци и нарушувања“.

Администрацијата на Обама одлучи минатата година да им дозволи на трансородовите лица отворено да служат во војската.

Но, на почетокот од овој месец, министерот за одбрана Џејмс Матис се согласи на шестмесечно одложување на регрутирањето на трансродовите лица.

Дел од Републиканците се спротивставија на оваа одлука, сметајќи дека овие луѓе не смеат воопшто да служат војска.

Независната корпорација Ранд процени дека во 2016 година 2 450 од 1,2 милиони активни членови на војската се трансродови лица.