„Таксират“ и „Д Фестивал“ номинирани за најдобри фестивали во Европа

Од „Пасворд“ продукција известуваат дека музичките фестивали „Таксират“ и „Д Фестивал“ се во трка за „Европски фестивалски награди“ –  признание за музичките настани во Европа.

И двата фестивали кои се во организација на „Пасворд“ се номинирани во две различни категории заедно со 45 други фестивали од 19 држави.

Зимскиот музички фестивал „Таксират“ е номиниран во категоријата „Најдобар фестивал во затворен простор“, додека „Д Фестивал“ е номиниран за „Најдобар мал фестивал“.

Победниците номинирани во категории се изгласани од публиката, која може да гласа тука, а гласањето е отворено до 7 декември.

„Европските Фестивалски Награди“ се најзначајното меѓународно признание за препознавање на квалитетот на фестивалските организации на кои се должи европската разновидна и енергична фестивалска сцена“, велат од „Пасворд“

Прогласувањето на победниците ќе се случи на 18 јануари 2023, на свеченото доделување на наградите во Гронинген, Холандија.

Претходно, „Таксират“ успеа да влезе и во најтесниот избор меѓу 10-те најдобри фестивали во Европа.