„Таксират“ е изгласан меѓу 10-те најдобри фестивали во затворен простор во Европа

„Таксират“ е избран во најдобрите 10 фестивали во Европа како финалист во категоријата „Најдобар фестивал во затворен простор“ на Европските фестивалски награди (ЕФА).

Отвореното гласање за 12-тото издание на ЕФА, организаторите од „Пасворд продукција“ велат дека заврши со извонредна поддршка од светската публика на кое со повеќе од 40.000 гласови од јавноста и гласот на стручното жири од музички експерти, избрани се финалистите во главните категории, меѓу кои е и македонскиот „Таксират Фестивал“ и тоа во најдобрите десет по силната конкуренција од 350 фестивали од 35 земји во Европа.

„Станува збор за најпрестижното признание за музичката индустрија на стариот континент со кое ‘Таксират’, единствен од Македонија, има чест повторно и повторно да е препознаен за својот квалитет со бројни номинации во годините наназад, а сега и во самиот врв како финалист во својата категорија“, велат од „Пасворд продукција“.

Победниците од секоја категорија ќе бидат прогласени следната година на свеченото церемонијално доделување на Европските фестивалски награди, на 18 јануари во Гронинген, Холандија

„Со ова признание ‘ТАКСИРАТ’ прв пат се закити во 2016 година, а годинава пристигнува на адресата на нашиот најголем алтернативен музички фестивал како уште една причина за славенички да ги започне подготовките за своето следно, 25-то јубилејно издание, а по годинашното најпосетено издание кое заврши неодамна со главната вечер на 7 декември. Имено, годинава повеќе од 27.000 посетители беа дел од импресивната програма со повеќе од 50 концерти меѓу кои ‘Дед кен Денс’, Ману Чао, Андре Риу, Бен Клок, ‘Ај-Ем-ДиДи-Би’, ‘Хладно Пиво’, ‘Буч Кесиди’, ‘Содом’, ‘Ла Пегатина’ и многу други во рамки на Главната вечер, ‘ПИН’ и ‘Лузер фест’ на ТАКСИРАТ 2022“, додаваат од „Пасворд продукција“.

Финалистите во сите категории може да се видат на следниот ЛИНК.