СЗО: Зависноста од компјутерски игри се смета за ментално нарушување

Премногу и пречесто играње на видео игри наскоро ќе биде признаено како ментално нарушување.

Зависноста од компјутерските игри ќе биде додадена на официјалната листа на болести на Светската здравствена организација наредната година.

Симптомите вклучуваат немоќност за контрола кога и како да се играат видеоигри.

Друго „црвено знаме“ е кога некој избира игри наспроти интересите во животот и продолжува да игра и покрај негативните последици.

Сепак, одлуката не значи дека играењето на видеоигри само по себе е проблем.

Стручњаците велат дека на сите овие работи треба да се гледа со одреден контекст – каде, зошто и колку некој игра.

Со додавањето за оваа зависност на листата значи дека ќе биде признанена од докторите и осигурителните компании.