[Став] Како станав лажнa вест

Минатата недела, добив загрижувачки повик од мојата сестра која ме праша дали зборував со татко ми и мајка ми. Денот го поминав во давање на интервјуа за нападот со возило што го посведочив ден претходно додека протестирав против маршот „Обединета десница“ во Шарлотсвил и не бев пред компјутер цел ден. Таа ми кажа дека адресата на моите родители била објавена на неонацистички сајт.

„Тие велат дека ти си го организирал нападот, Бренан“, рече таа. „Има смртни закани против тебе“.

Во саботата наутро, сведочев како Џејмс Филдс го втурна својот автомобил во толпа демонстранти, убивајќи ја Хедер Хејер и повредувајќи 19 други. Иако јас веднаш ја споделив снимката со полицијата, ми требаше половина час за да одлучам дали да ја објавам јавно. Бев загрижен како снимката може да биде искористена од радикалните десничари и се чувствував неудобно знаејќи дека може сум снимал нечија смрт. Не го сакав вниманието што најверојатно ќе го добиев со објавување на видеото.

Се советував со пријатели и семејството, од кои некои беа дел од контрапротестот, а некои гледаа пренос од настанот, надвор од Шарлотсвил. Сите тие побараа од мене да го споделам видеото, и кога слушнав од пријатели дека некои медиуми известуваат дека можеби се случило несреќа или дека возачот можеби се обидел да избега од разлутената толпа, знаев дека морам да го објавам. Видеото што го направив, и сцената што ја посведочив со моите две очи, јасно покажуваше дека нападот е со намера. Филдс извози два празни блока и се втурна директно во толпата пред да почне да се враќа назад.

Така што, решив да го твитнам:


Во наредните 24 часа, речиси секој поголем американски медиум и интернационални агенции побараа интервју со мене за нападот. Бев премногу вознемирен за да спијам во саботата, а го поминав речиси цел ден во неделата за да давам интервјуа. Сакав да дадам искрена слика за она што го видов на „Форт стрит“ и јасно да одговорам на прашањата за ситуацијата. Реков дека има само една страна одговорна за смртта што ја посведочив – нацистите и белите супремацисти кои ја доведоа нивната идеологија до насилство и омраза во нашиот град. Нивен човек е лицето кое го возеше возилото кон толпата. Мислев дека овие ставови се јасни и неспорни.

Но, колку само бев грешка.

Неколку часови по интервјуто со Алекс Вит од MSNBC, неонацистички коментатори започнаа да објавуваат за мене на 4chan, Reddit и YouTube. Овие „истражувачи“ се фалеа дека откриле оти работам во Стејт департмент (тоа е објавено во мојата биографија на Твитер), дека имам поврзаност со Џорџ Сорос (тој отворено донираше за кампањата на мојот поранешен шеф, Том Периело) и дека поминав време во Африка работејќи во конфликтни зони (информација достапна онлајн).

Очајни да ја префрлат вината на секој освен на десничарите, тие се држеа на овие факти давајќи спротивен наратив на нападот, тврдејќи дека немало начин некој со мојата позадина случајно да го направи видеото. Дури и игнорирајќи го фактот дека некој со мојата позадина – израснат во Вирџинија, дипломиран на Универзитетот во Вирџинија, живее во Шарлотсвил, работел за решавање на етнички конфликти во светот, политички прогресивен – тоа е токму тој вид на личност што би очекувал да се најде на протест против нацисти, нивните теории беа апсурдни и нелогични. Тие пишуваа дека сум агент на ЦИА, финансиран од (изберете сами) Џорџ Сорос, Хилари Клинтон, Барак Обама, Светска банка, и/или од гсветската Еврејска мафија за да го оркестрирам нападот во Шарлотсвил за да ја свртам јавноста против десничарите. Јас сум го организирал нападот, а потоа сум соработувал со медиуми како MSNBC, контролирани од левичарската пропаганда. Тие тврдеа дека мојата крајна цел е да започнам расна војна што ќе го поттисне, а потоа и ќе го повлече Доналд Трамп во име на „Дип стејт“. (Овде генерализирам бидејќи теориите се разни и логично неконзистентни, и јас сум свесен само за мал процент од она што е напишано).

Како што се ширеа теориите, почнав да добивам мејлови со говор на омраза. Некои луѓе ми испраќаа заканувачки коментари на социјалните мрежи како: „Бог има посебно место за тебе Гилмор“, „ти си лажлив комунистички нацист“. Други се закануваа дека ќе ме убијат. Друг коментатор напиша дека би сакал да ме измачува за да види „колку сум трениран од ЦИА“. Бев следен на улицата во Шарлотсвил и имаше многу обиди за да ги хакираат моите онлајн профили. Еден сајт ги постираше сите мои и на семејството адреси, вклучително куќата каде израснав, каде моите родители се уште живеат.

Нормално, би ги игнорирал сите овие закани и секако немаше да коментирам за нив јавно. Го сметам за чест да бидам нападнат од луѓе кои немаат, а јас имам желба да ризикувам за да зборувам против нацистите. Верувам дека е неопходно за белите луѓе особено да ризикуваат за да се спротивстават и да ги спречат супремацистите, со оглед на вградениот и намерен ризик што го претставуваат за сите заедници во боја.

Моите родители се чувсвтвуваат слично и ризикуваа што нивните адреси се најдоа онлајн на разни групи на омраза. Во рок од неколку дена, се појави писмо во нашето сандаче, сооставено од четири напишани страници во кои се објаснува зошто ќе горам во пеколот, како и сомнителен бел прашок. Додека прашокот беше лажен, локалниот полициски оддел ги сфати сите закани сериозно, одземајќи го писмото и поставувајќи патроли околу куќата. Единствената грижа на моите родители беше да ги соберат преостанатите домати од нивната градина, „за нацистите да не ги земат“. Дури и во Југот, мора да има граница на нашето гостопримство.

Сепак, ова не се нормални времиња и неколку работи направија да почувствувам потреба да зборувам за овие теории на заговор и закани.

Прво, во одреден момент во текот на неделата, се случи да има прилично добри шанси овие теории на заговор да се пробијат до Белата куќа. Додека тие првично се појавија само на нејасни сајтови со слики на ситните орли кои пукаар митралези, во рок од 72 часа, тие станаа „мејнстрим”. „Инфоарс“ објави „бомбастична истрага” за Шарлотсвил, која покажа дека е целосен заговор на Сорос и дека јас бев клучен агент. Претседателот на Соединетите Американски Држави беше гостин на самото шоу што ги повтори теориите што сугерираа дека сум, во најдобар случај, додаток во убиството, а во најлош случај, оркестратор на целиот настан, вклучувајќи ангажирање на нацистички и антифашистички актери, глумејќи конфронтација,а потоа и соработка со сојузните мејнстрим „левичарски” медиуми за да го заслепат светот со „реалноста”.

Додека некои луѓе во пораките на Фејсбук, твитовите и коментарите ја бараа мојата глава, други твитаа на различни конзервативни лидери, меѓу кои и Џеф Сеси, Доналд Трамп и Шон Ханити, за да отворат истрага за мојата наводна улога во нападот. Во четвртокот, Ханити сподели тврдења на неговата радио емисија дека демонстрантите во Шарлотсвил биле платени. Иако не бев спомнат по име, има јасна поврзаност меѓу теориите за заговор што циркулираат околу мене дека го организирам нападот, кој се емитуваше на шоу што го слушаат милиони. Неколку дена подоцна, сенаторот од Тексас, Луи Гомерт, американски конгресмен, повика на федерална истрага за Шарлотсвил, наведувајќи дека протестите биле платени и уредени „од силите на злото”, како дел од демократската агенда за да ги направат изборите во 2018 година да бидат фокусирани на расите. Во рок од помалку од една недела, теоријата на заговор премина од радикално десничарска порака до милиони луѓе  низ целата земја преку емитување на телевизија и радио и беше поддржана од националните политичари.

Трамп неколку пати го цитираше „Инфоварс“, нешто што дури и основачот на сајтот, Алекс Џонс, го опиша како „надреално”. Ханитит се сретна со Трамп пред неколку недели. Дали навистина треба да се загрижам што претседателот на САД би можел да започне истрага против мене, бидејќи се случи да го снимам супремацистички терористички напад и јавно да зборувам за она што го видов? Сфатив дека не можам да го отфрлам тоа, и искрено ме плаши – за моето семејство, но особено за нашата земја.

Во текот на изминатата недела, лично ја видов вистинската штета што ја имаат овие теории на заговор за нашиот јавен дискурс. Опасноста не е нужно дека голем број луѓе ќе им веруваат во целост. Наместо тоа, станува збор дека тие ги матат водите за прашања што треба да бидат прави и погрешни. Ова е навистина опасно. Ако сакаме да ја надминеме оваа актуелна акутна манифестација на ракот на американскиот расизам и да почнеме да заздравуваме, десната мора да се придружи со левата страна за да се острани малигнитетот на белата надмоќност од нашата политика и општество. Конспиративното размислување и конфузијата на она што е реално го прават ова многу потешко.

Кога слушна за природата на заканите што ги примив, еден службеник за спроведување на законот рече: „Па, има две страни на секоја приказна”. Растејќи во рурална Вирџинија, каде што се закопани Роберт Е. Ли и Стоунвал Џексон и каде што Трамп доби мнозинство на гласови, можеби не требаше да се изненадам, но признавам дека сум.

Ја сакам областа каде што пораснав, и ги сакам луѓето што живеат таму, вклучувајќи и многу од моите најблиски пријатели кои се екстремно конзервативни, со кои израснав ловејќи риба и си играв. Но, во оваа приказна нема две страни.

Знам што видов во саботата, и знам која страна е одговорна. Видов еден човек кој се идентификуваше себеси како нацист додека намерно го удира својот автомобил во група демонстранти. Белата надмоќна и нацистичка идеологија е инхерентно насилна. Тие би ги негирале правата на Американците што не се бели со какви било можни начини и историски користеле насилство и заплашување за да ја постигнат својата цел. Групите што маршираа во саботата во Шарлотсвил беа силно вооружени и според сопствените зборови, дојдоа подготвени и барем во некои случаи, се надеваа на насилство.

Со воведување на сомнеж за тоа што се случило, дури и ако нивните теории се конфликтни меѓусебно, овие страни го олеснуваат аргументот дека маршот „Обединета десница“ не беше само бела надмоќност. Всушност, слушнавме дека претседателот вели дека има добри луѓе кои беа таму само за да ја одбранат јужната историја и култура и мирно да протестираат против отстранувањето на статуата на Роберт Е. Ли. Исто како што неговиот неуспех да ја осуди десницата овозможува и помага да се развие нивното искривено движење, топлото прегрнување на теориите на заговор, отфрлање на новинарските стандарди и пропагирање на некредибилни извори на информации ги охрабруваат и го зголемуваат бројот на Американци кои бараат друго објаснување покрај непријатната вистина.

Понекогаш приказната не е комплицирана: нацистите се лоши, и јас едноставно се случи да сум сведок дека еден од нив изврши терористички напад. Не го сакав вниманието што го добив со тоа што го видов овој ужасен чин, но ќе продолжам да им се придружувам на милионите Американци кои зборуваат за својата непобитна причина.

Треба да престанеме да читаме и да веруваме во имагинарни заговори. Сите ние треба да продолжиме да зборуваме и да делуваме, како против белата надмоќност, така и за културата на заговор што се вкорени во нашата земја.

Пишува: Бренан Гилмор

Извор: poitico.com