Средношколски самит за кариерен развој во „Сити мол“

Growth Labs Academy во соработка со Средношколскиот Сојуз го организираат првиот Средношколски Самит за кариерен развој кој ќе се одржи на 22 април со почеток во 17.00 часот. 

Настанот кој ќе се одржи во „Синеплекс“ во „Сити мол“ е посветен на едукација, интеракции и вмрежување на средношколците.

Како што информираат организаторите на настанот ќе учествуваат инспиративни говорници кои ќе ги споделат своите лични искуства и совети, а предвидена е и панел дискусија каде што ќе се разговара за важни теми како избор на кариера, важноста на неформалното образование и откривање на кариерни можности.

„Преку разговори со професионалци од различни области, средношколците ќе имаат можност да ги прошират своите контакти и да откријат повеќе потенцијални кариерни патеки а предвидена е и забава со DJ по завршување на Самитот“ – додаваат од таму.

Сите заинтересирани средношколци можат да се пријават на овој линк.