Спасовски: Македонија е против бегалски кампови на своја територија

Македонија е одлучно спротиставена на идејата за отворање бегалски кампови на своја територија, изјави за МИА министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој се наоѓа во Брисел.

По состанокот на министрите за внатрешни работи од земјите на Западниот Балкан со нивните бугарски и австрики колеги, како и еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, Спасовски за МИА порача дека за Македонија отворање бегалски кампови не доаѓа предвид.

„Република Македонија има јасен став по ова прашање, тој став е дека ние имаме транзитни центри, значи само прифатни, за кратко време, на бегалци коишто можат да поминат низ територијата на Република Македонија како што беше во изминатиот период. Не гледаме причина тој став да се промени, апсолутно дека ние можеме да соработуваме, заеднички да се штитиме од евентуален мигрантски бран меѓутоа не може Македонија да биде место кадешто ќе имаме заеднички кампови и тука да бидат на подолг рок“, изјавил Спасовски.