Собирање на донации за децата без родители од „11-ти Октомври“ во „Дуња“

Во Социјалниот центар „Дуња“ утре ќе се одржи акција за собирање на донации кои потоа ќе им бидат предадени на штитениците на Домот „11-ти Октомври“ во Скопје.

Од Центарот упатија повик за солидаризација до граѓаните кои сакаат да помогнат, така што ќе донесат некои од потребните работи како: јакни, пегли, тостери, џемпери, играчки, книги…

Исто така, ќе се собираат донации и за други ранливи категории на деца кои би дошле тој ден во „Дуња“.

„Со цел да се одбегне класичното ,,пакетче” во кое има бројни благи работи, да се потрудиме тоа што ќе биде донирано, да биде од некаква корист и подолготрајно користење. Секако кој колку има и може, не е на одмет да оставите и по нешто благо за празнициве. Да ги изненадиме децата со вистински подароци“, се вели во апелот.