„Слика во фокус“ – самостојна изложба на Хајруш Фазљиу во Националната галерија

На 9 мај (вторник) со почеток во 19 часот во Националната галерија ќе се отвори самостојната изложба на сликарот Хајруш Фазљиу насловена „Слика во фокус“.

Организаторите велат дека Фазљиу со децении останува неприкосновен на уметничката сцена во Косово, но и пошироко во Албанската уметничка сцена.

„Овој сликар, покрај тоа што е докажан творец, се одликува и како вреден универзитетски професор и методолог, кој е одликуван со низа награди и признанија за неговите уметнички и професионални достигнувања. Меѓу нив треба да се издвои признанието ‘Амбасадор на мирот’ што неодамна му беше поделено во Рим, Италија, што го направи овој творец познат и во меѓународни рамки. Од оваа гледна точка, јасно е дека овој сликар го доживува уметничкото од длабочината на душата и ја отсликува нејзе со силна живост изразена со оригинален творечки израз. Самите наслови на делата ‘Овална слика’, ‘Од ѕидот’, ‘Актови’, ‘Дардански профили’, ‘Во фокус’, ‘Загриженост’ итн., изгледа дека се потчинети на широка општествена хронолошка и културолошка кохезија преполнет со разни животни моменти наталожени врз (под)свеста на Хајруш Фазлиу. Значи, насловите на овие дела звучат усогласени спроти нивната содржина и форма, но и стануваат пренесувачи на естетските принципи на неговото творештвото“, велат од Националната галерија.

Фазљиу во неговите творби го комбинира традиционалниот експресионизам, кој од време на време добива и неофигурални облици,  со ирационалната фантазија на надреализмот, но зачувувајќи ја засекогаш асоцијативната алузивна апстрактна врска на формален и стилски поглед, посочуваат организаторите.