„Skopje Space Jam“ – музички фестивал во Планетариумот на Младинскиот културен центар

На 6 декември ќе се одржи првото пилот издание на музичкиот фестивал во Планетариумот на Младинскиот културен центар (МКЦ).

Програмата на фестивалот кој ќе започне во 19 часот се состои од настап на Ема Ананиевска, „Алембик“ и „Ата“.

Во рамки на настанот ќе бидат изложени и астрофотографии на Ѕвездица Алексоска.

Влезниците, како што е најавено, наскоро ќе бидат во продажба во билетарницата на МКЦ.