Сингапур егзекутираше жена за првпат по скоро дваесет години

Во Сингапур, по осуда на смртна казна, беше обесена Саридеви Џамани, прва жена која беше казнета со смртна казна по скоро 20 години, и покрај критиките на организациите за човекови права, јавува „Гардијан“.

Четириесетипетгодишната жителка на Сингапур, која била осудена на 2018 година поради продажба на околу 30 грама хероин била обесена денес, информирале од Централното биро за наркотици.

Се верува дека таа е првата жителка која починала по осуда за смртна казна од 2004 година, кога од смртна казна животот го изгуби Јен Меј Вон, која била обесена поради продажба на дрога, јавуваат локалните организации за човекови права.

Џамани постојано нагласувала дека таа не можела добро да се искаже за време на нејзиното судење, бидејќи во тој период страдала од тешко одвикнување од дрога. Сепак, овие изјави биле отфрлени од судот, од каде заклучиле дека „Џамани страла од лесно одвикнување од метамфетамин за време на нејзиното сведочење, а тоа не влијаело врз нејзината способност за изразување“.

Глобалната комисија за наркотични политики, Интернационалната федерација за човекови права и Амнести Интернешнл ги убедувале сингапурските власти да ја запрат егзекуцијата.

Џамани е втората личност која е егзекутирана оваа недела, и петнаесетта откако властите ги продолжија егзекуциите во март 2022. Казната со смрт беше сопрена во рок од две години поради пандемијата.

Киара Сангригорио, од Амнести Интернешнл изјавила дека оваа недела е трагична и дава фокус кон недостатокот од правни реформи во Сингапур.

Сингапурските власти продолжуваат со смртните казни како, според нив, ефективен начин да се превенира криминалот поврзан со дрогата. И јавноста во државата се сложува дека ваквите политики ја прават државата побезбедна, а граѓаните се сложуваат и дека правните процеси се фер.

Но, борците за човекови права велат дека казните се диспропорционални и накрај, се казнуваат само најранливите и најмаргинализираните. Според нив, расте трендот каде затворениците треба сами да се бранат пред Судот, бидејќи немаат средства за најмување на адвокати.

Според Мишел Казачикин, член на Глобалната комисија за наркотични политики, егзекуциите се шокантни.

„Ова е фундаментална злоупотреба на интернационалните закони за човекови права и е диспропорционална казна“, изјавил тој.