Шведска министерка поднесе оставка по возење во пијана состојба

Најмладата министерка во кабинетот, која во државата пристигна како бегалка од Босна и Херцеговина, ја најави својата оставка откако беше фатена како вози под влијание на алкохол.

Аида Хаџиалиќ, 29, министерка за средно и образование за возрасни, откри дека била запрена од полицијата во јужниот град Малме и алкотестот покажал дека нивото на алкохол во нејзината крв било 0,2 грама на литар, она ниво кое се смета како навреда во Шведска.

„Тоа беше најголемата грешка во мојот живот и јас ќе ја преземам одговорноста. Јас ја најавувам мојата намера да поднесам оставка за моето министерско место“, соопшти Хаџиалиќ за време на прес-конференција во Стокхолм.

„Разбирам дека многу луѓе се разочарани од мене и јас сум лута на себеси и секако длабоко жалам за тоа“, додаде младата политичарка, на која се гледа како иднината на Социјалдемократската партија.

Шведскиот премиер Стефан Лофвен рече: „Јас не се обидов да ја спречам во поднесувањето на оставката. Нејзината одлука покажува дека таа е искрена и треба да биде пофалена“.

„Таа ја сфаќа сериозноста од она што се случило и поради тоа побара да поднесе оставка како министер во Владата. Јас ќе ја прифатам нејзината оставка во понеделник“, рече Лофвен.

Хаџиалиќ е родена во Босна и Херцеговина и имигрирала во Шведска кога имала пет години, во 1992 година, со нејзините родителите, бегајќи од војната на Балканот.

Таа стана дел од движењето на млади Социјалдемократи во средно училиште и се кандидираше за општински советник на 23 години.

Потоа, во 2014 година, на 27 години таа стана најмладиот министер во Шведската историја.