Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. Град Скопје ги дискриминира студентите од приватните факултети зошто немаат бесплатен јавен превоз, утврди КСЗД

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди продолжена дискриминација врз студентите од приватните универзитети извршена од Град Скопје во процесот за користење на правото на бесплатен јавен превоз.

Подносител на претставката е студентка на приватен универзитет која се пожалила дека е дискриминирана затоа што нема исто право на бесплатен јавен превоз како нејзините колеги од државните универзитети.

Град Скопје ги дискриминира студентите од приватните факултети зошто немаат бесплатен јавен превоз, утврди КСЗД

2. [Интервју] Јанкуловски: Задоволен сум од реализираното, проблемите со рангирањето лежат и кај УКИМ и кај државата

Седум години го предводеше најголемиот македонски универзитет. Проф. д-р Никола Јанкуловски стана ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во 2016 година, во турбулентна општествено-политичка атмосфера, а неговиот мандат завршува за четири месеци, кога функцијата ќе ја преземе некој од шесте кандидати кои во моментов се во изборна кампања.

Со Јанкуловски, пред новите избори за ректор, поразговаравме за тоа колку реализираше од ветеното пред професорите и студентите во неговиот мандат како ректор. Го прашавме и за резултатите кои ги постигнуваше УКИМ изминативе години, но и за тоа каде ја гледа иднината на Универзитетот.

[Интервју] Јанкуловски: Задоволен сум од реализираното, проблемите со рангирањето лежат и кај УКИМ и кај државата

3. [Видео] Јасно и Гласно: Правосудство или кривосудство?

Од волшебно застарување на судски случаи против високи функционери, преку чудесни пресуди, до последниот блам со „Играта на тронови“ во Судскиот совет, македонското правосудство скока од скандал на скандал и само докажува дека ја заслужува ниската доверба кај граѓаните.

Во оваа епизода на „Јасно и Гласно“ разговараме за тоа како се најдовме во оваа ситуација, како состојбата во правосудството влијае врз младите и кои се решенијата за подобрување на оваа област.

Разговараме со Лејла Тутиќ, од Коалицијата Сите за правично судење и Гоце Коцевски од Македонското здружение на млади правници.

[Видео] Јасно и Гласно: Правосудство или кривосудство?

4. „АПСАЗДАН“ – гевгелијски рокенрол во „Република прекрасна“

Сит сме тука горе-доле, кој курдисан, кој далдисан, мјау, мјау, да/на бат Коле“ е стих на гевгелискиот бенд „АПСАЗДАН“, кој иако е еден од најлуцидните бендови на моменталната домашна музичка сцена, не е присутен во медиумите, ниту на фестивалите.

Можеби сеприсутната апатија за која и тие зборуваат во стихот донекаде е виновна за ова, а можеби и не. Сепак, тоа не нè спречи да направиме со нив, ако ништо друго, барем еден „тримба маабет“.

„АПСАЗДАН“ – гевгелијски рокенрол во „Република прекрасна“

5. [Галерија] Матурантите го одиграа традиционалниот квадрил на скопскиот плоштад

Матуранти од 14 скопски средни училишта денеска точно на пладне учествуваа на традиционалната „Матурска парада“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Квадрилот во исто време се играше и во Гевгелија, Охрид и Струга. Истовремено, покрај Македонија, матуранти танцуваа и во Словенија, Србија, Словачка, Црна Гора и Унгарија.

[Галерија] Матурантите го одиграа традиционалниот квадрил на скопскиот плоштад

Бонус: 

#Поларис: Јас сум легенда

„Застана таму за момент, гледајќи околу тивката просторија, полека тресејќи ја главата. Сите овие книги, си помисли тој, остаток од интелектот на планетата, струганиците од залудни умови, останките, попарата од артефакти кои немаа моќ да ги спасат луѓето од пропаст.“ – Ричард Матесон, Јас сум легенда.

#Поларис: Јас сум легенда

#РаскажиМи: „Хронологија на разочарувањето“ од Душко Гошевски

Овој пат во рубриката #РаскажиМи го читаме расказот „Хронологија на разочарувањето“ од Душко Гошевски. Расказот е дел од збирката неговата дебитантска збирка „Писателот Варски и други раскази“ .

#РаскажиМи: „Хронологија на разочарувањето“ од Душко Гошевски

#ПетАлбумиЗаПоДома на Димитар Тодороски

Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома денеска го имаме Димитар Тодороски, магистер по историски науки, дел од културното движење „Млади за Скопје“.

#ПетАлбумиЗаПоДома на Димитар Тодороски

#НизТвојотОбјектив – „Магични светови или Мои светови“ од Андријана Антова

Во рубриката #НизТвојотОбјектив откриваме дел од опусот на Андријана Антова, студентка на графички дизајн на Факултетот за дизајн и мултимедија при ФОН.

#НизТвојотОбјектив – „Магични светови или Мои светови“ од Андријана Антова