Што ги поврзува последните протести ширум светот

Во изминатите недели, масовни протести избија во многу држави, од Либан па сѐ до Шпанија, Чиле и Боливија. Сите протести се разликуваат, имаа различни каузи, методи и цели – но некои заеднички проблеми ги споија луѓето кои протестираа. Иако беа оддалечени илјадници километри, протести за слични каузи избија во неколку држави, а дел од нив се меѓусебно се инспирираа за тоа како да се организираат и да напреднат кон своите цели, стои во неодамнешната анализа на ББЦ.
Ова се проблемите со кои се соочуваат многумина кои се здружија и решија да излезат на улица.

Нееднаквост

Многу од оние кои протестираат се луѓе кои чувствуваат дека немаат пристап до богатството на земјата. Во неколку случаи, зголемување на секојдневните трошоци се покажува дека е капката што ја прелива чашата. Во Еквадор, демонстрациите почнаа минатиот месец кога владата соопшти дека трошела од фондот за повеќедецениските субвенции за гориво, како дел од намалувањата на јавните расходи, во договор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Промената доведе до зголемени цени за бензин, кои многумина не можеа да ги дозволат. Домородците се плашеа дека оваа мерка ќе резултира во зголемени цени за јавен транспорт и храна, што би било голем удар за овие заедници.

Демонстрантите ги блокираа автопатите, влегоа во собранието и се судрија со силите за безбедност, барајќи крај на штедењето и враќање на субвенциите за гориво. Владата попушти после денови на масовно протестирање. Претседателот на Боливија, Ево Моралес, кој даде оставка во ноември поради неколкунеделните протести, воведе проекти за јавни работи и социјални програми за решавање на нееднаквоста кога тој ја презеде функцијата во 2006 година. Процентот на екстремната сиромаштија кој тогаш беше 38%, се намали на 17% во 2018.

Протестанти во Ла Паз, Боливија

Сепак, неговите критичари велат дека во последните две години, процентот на сиромаштија повторно се зголемува во Боливија. Зголемување на цените за јавниот транспорт беше причина за протести и во Чиле. Владата ги обвини високите трошоци за енергија и пониска вредност на валутата како причина за зголемување на цените на билетите за автобусите и метрото, но според протестантите тоа е уште една мерка за да се „цедат“ сиромашните. Додека демонстрантите беа во судир со безбедносните сили, претседателот Себастијан Пињера беше сликан како вечера во луксузен италијански ресторан, што според некои, беше знак за големата нееднаквост помеѓу елитата на Чиле и луѓето на улиците.

Чиле е една од најбогатите земји во Јужна Америка, но исто така и една од најнееднаквите – има најлоши нивоа на еднаквост на приходите меѓу 36-те земји-членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Како и во Еквадор, владата се повлече и го прекина зголемувањето на цените на билетите во обид да ги задуши протестите. Но протестите продолжија, станаа поголеми и добија поголеми цели.

„Ова не е обичен протест против зголемување на цената за билетите во метро, ова е спротивставување на години опресија која највеќе ги зафати сиромашните“ кажа еден студент кој беше дел од протестите за Ројтерс.

Во Либан се случуваат слични судири, кога поради планираното оданочување на повиците од „WhatsApp“ започнаа протести кои против економските проблеми, како нееднаквоста и корупцијата. Со сѐ поголемото зголемување на долгот, владата се труди да имплементира економски реформи кои ќе обезбедат големи помошни пакети од интернационални донатори. Но многу обични луѓе велат дека страдаат поради економските полиси на државата и дека го обвинуваат неконструктивното работење на владата за нивните проблеми.

„Ние не сме тука поради „WhatsApp“, ние сме тука поради сѐ, поради бензинот, храната, лебот“ – изјави Абдула, протестант во Бејрут.

Корупција

Обвиненија за корупцијата на владата е најсуштинската причина кај повеќето протести и тие се близу поврзани со проблемот на нееднаквоста.

Во Либан, демонстрантите велат дека страдаат поради економската криза, додека лидерите на државата ги користат нивните позиции на моќ за да се збогатат себеси, преку мито и за нив, поволни зделки.

„Сум видел скоро сѐ во оваа земја, но никогаш не сум видел толку корумпирана влада во Либан“ – вели 50 годишниот протестант Рабаб.
Владата дозволи пакет реформи, вклучувајќи и намалување на платите на политичарите, во обид да го ублажат незадоволството.

Протестантите во Либан се жалат на нееднаквост и корупција

Жителите на Ирак, исто така се обидуваат да стават крај на политички систем за кои велат дека ги предал. Една од главните точки на расправање е начинот на кој се закажуваат владините средби, што е врз основа на религиски и етнички приоритети, наместо според заслугите.

Демонстрантите велат дека оваа мерка им дозволува на лидерите да ги искористуваат јавните фондови и да се наградуваат себеси и своите следбеници, додека обичните граѓани имаат многу малку бенефити.

Протести против коруцијата се случуваат и во Египет.
Малите демонстрации во септември беа предизвикани поради повикот на Мохамед Али, египетски бизнисмен кој живее како самопрогласен азилец во Шпанија, кој ги обвини претседателот Абдел Фатах ал-Сиси и војската за корупција. Со неговите обвиненија дека Сиси ги злоупотребува фондовите се согласија многу Египјани, кои не се задоволни со мерките за штедење.

За време на претседателските избори во Боливија, многу гласачи ја посочија корупцијата како нивна најголема грижа и го обвинија Ево Моралес дека не се справува добро со проблематиката.

Политичка слобода

Во некои земји, протестантите се  борат против политичките системи во кои се чувствуваат заглавени.
Ова лето започнаа демонстрации во Хонг Конг поради предлог- законот со  кој би се дозволило кривично осомничените, во одредени околности, да бидат екстрадирани во континентална Кина. Хонг – Конг е дел од Кина, но жителите уживаат во посебни слободи и помеѓу нив постои страв дека Пекинг сака да воспостави поголема контрола.

Како протестантите во Чиле и Либан, така и масовните протести во Хонг Конг доведоа укинување на контроверзниот предлог закон, но протестите продолжија. Демонстрантите сега бараат целосно универзално избирачко право, независна истрага за наводната полициска бруталност и амнестија за демонстрантите кои се уапсени.

Протестантите во Ирак велат дека политичкиот систем е корумпиран

Нивните тактики ги инспирираа активистите ширум светот.

Стотици илјади луѓе протестираа во Барселона за да го изразат својот бес поради апсењето на Каталонските сепаратистички лидери. Сепаратистите беа осудени на 14 октомври, поради нивната улога на референдумот во 2017 година, кој беше забранет од шпанските судови и последователното прогласување независност.

Кратко по изрекување на казната, луѓето во Барселона добија пораки на популарен сервис за кодирани пораки, која им порачува да одат на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона, имитирајќи ја тактиката што ја користеле демонстрантите во Хонг Конг.
На патот до аеродромот, група влади луѓе извикувале „Ќе изведеме Хонг-Конг“, мислејќи на акцијата на протестантите, известуваат медиумите.
Каталонските демонстранти делеа инфографици направени во Хонг Конг кои детално објаснуваат како демонстрантите можат да се заштитат себеси од водените топови и солзавецот на полицијата.

„Сега луѓето мора да се на улиците, сите револти започнуваат таму, погледнете што се случува во Хонг Конг“ – изјави еден протестант од Барселона.
Во Боливија, одлуката на Ево Моралес повторно да се кандидира во Октомври, налути многу гласачи.
Во референдумот во 2016, мнозинството гласаше ‘против’ намалување на годишната граница на воениот рок. Но, партијата на Моралес ја претстави проблематиката пред Уставниот Суд кој целосно ја укина границата.

Климатски промени

Се разбира, многу од протестите за кои слушаме се повразни со околината и климатските промени. Активисти од движењето „Extinction Rebellion“ протестираат во различни градови ширум светот, барајќи ургентна акција од владите.
Протестите се одвиваат во многу земји како САД, Велика Британија, Германија, Шпанија, Австрија и Нов Зеланд. Учесниците се залепија и оковаа себеси за патиштата и возилата и се обидоа да направат застој во центарот на градовите. „Немаме друг избор освен да бунтуваме сѐ додека нашата Влада не прогласи климатска и еколошка итност и не преземе акции кои може да не спасат“ – изјави австралискиот активист Џејн Мортон.

Протестантите за климатски промени прават застој во Лондон барајќи преземање на ургентни акции

Младите луѓе ширум светот секоја недела се приклучуваат на училишни протести, инспирирани од 16 годишната активистка од Шведска, Грета Тумберг. Минатиот месец, милиони луѓе се приклучија на глобалниот климатски протест предводен од учениците.
„Ние бегаме од наставата, за да ве научиме на лекција“ – пишуваше на еден од транспарентите.

Претходно оваа година, Ево Моралес се соочи со протести поради големите пожари кои беснееја во заштитените источни делови на Боливија. Демонстрантите од него побараа да го тргне декретот со кој се овозможуваа контролирани пожари што им помагаат на земјоделците да добијат поголемо обработливо земјиште.

Извор: BBC