„Секој ден во 6“ – панел дискусија за граѓанските иницијативи денеска во „Излет“

Како настануваат граѓанските иницијативи, зошто се значајни за едно здраво и демократско општество? Како да опстојат и да се изборат за својата цел, во состојба кога власта нема слух за проблемите на граѓаните? Зошто сега, во време кога граѓаните на Македонија се замолчувани повеќе од кога и да е, е значајно да не згаснат?

Ова се дел од прашањата на кои ќе се дискутира на денешната панел дискусија насловена „Секој ден во шест“, во организација на Радио МОФ, по повод шесттиот роденден.

Целта на настанот е да потсети на протестите и иницијативите кои изникнаа во изминатите години, преку искуствата на луѓето кои беа најгласни на улиците.

Говорници ќе бидат: Артан Садику (Солидарност), Александар Донев (Протестирам), Кристина Озимец (Правда за Кежо), Исмет Шабановиќ (Средношколски и Студентски Пленум), Филип Јовановски (Го сакам ГТЦ), Слободан Михајловски (Ние сме Карпош 4). Модератор на дискусијата ќе биде Даниел Евросимоски, новинар од Радио МОФ.

Панел дискусијата ќе се одржи во „Излет кафе“, со почеток во 18 часот.