Седум бендови на седмото издание на „Востание“

Седмото издание на хардкор-метал фестивалот „Востание“ ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) на 15 декември, петок.

Со почеток во 18 и 30 часот, најавени за овогодишното издание се белгискиот бенд „Насти“, македонските „Шок труперс“, „Пич вајс“, „Примитив дред“, „Инер хејт“, Димиш и  српските „Нагон“.

Првото издание на фестивалот „Востание“ се одржа во 2015 година.

Билети во претпродажба по цена од 700 ден на билетара во МКЦ или онлајн. По отварање на вратите билетите ќе чинат 800 денари.