Саботно „Beat пазар матине“ во МКЦ

Оваа сабота (19-ти мај) ќе се одржува забавно матине во паркот пред МКЦ, 12 до 16 часот. Тема матинето е старата добра стоковна размена, или размена на производи без употреба на пари.

„Но, бидејќи истата ќе биде зачинета со DJ сет на Андреј Мицајков + караоке шоу кое ќе го води Зоки Бејбе, настанот го нарековме ‘Beat пазар’“, велат од МКЦ.

Од посетителите очекуваат да донесат максимум 3 производи кои сакате да ги разменат (книги, облека, накит, ламби, транзистори, плочи, стрипови…). Исто така, да „испијат неколку живи јајца утрото пред матинето, да испеат една-две песни, и да се дружат и забавуваат“.

Распоред:
12:00 – 14:00 – DJ сет на Андреј Мицајков и стоковна размена
14:00 – 16:00 – Караоке шоу под диригентство на Зоки Бејбе