Рускиот опозициски лидер Навални се разбуди од кома по труењето

Рускиот лидер на опозицијата, Алексеј Навални, излезе од вештачки предизвиканата кома и неговото здравје се подобрува, соопштија од болницата во Берлин каде што се лекува.

Навални беше пренесен во Германија пред нецел месец откако се разболе на лет во Сибир.

Неговите соработници велат дека бил отруен по налог на рускиот претседател Владимир Путин, додека руските власти негираат било каква вмешаност во случајот.

Германските доктори потврдија дека Навални бил отруен со Новичок нервниот отров.

Болничките служби соопштија дека тој денеска е тргнат од меганичка вентилација, додека додаваат дека уште е рано за да се проценат евентуални долгорочни последици од труењето, пренесе Би-Би-Си.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, минатата недела изјави дека Навални бил жртва на обид за убиство и дека светот треба да побара одговори од Русија. Сепак, портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Мариа Захарова, претходно ги отврли обвинувањата за труење на опозицискиот лидер со нервниот отров Новичок, додавајќи дека таквите тврдења немаат докази.

Токму со Новичок беше отруен и поранешниот руски шпион Сергеј Шкрипал и неговата ќерка во Велика Британија во 2018 година.

Навални е активист за анти-корупција, кој предводеше протести во земјата против руските власти. Тој често ја нарекува партијата на Путин место на „бандити и криминалци“ кои „ја пијат крвта на Русија“.