Распишани избори за претседател на Студентскиот парламент во ДУТ

Службено се распишани изборите за претседател на Студентскиот парламент при Државниот универзитет во Тетово, објави ТВ Алсат.

Претседателот на СП-ДУТ, Шабан Арслани вчера ги претстави членовите на комисијата што ќе ги спроведат изборите и имаат задача да го одредат датумот за одржување на изборите и како и за утврдување на изборните постапки.

„Веруваме дека избраната комисија ќе спроведе транспарентен процес согласно статутот и соодветниот правилник, како што сме уверени дека целиот изборен процес за новиот претседател на Студентскиот парламент на ДУТ ќе се одвива во демократски услови“, рече Арслани.

Алсат известува дека студентскиот лидер на овој универзитет по изјавата не оставил простор за прашања на новинарите и се дистанцирал од одговорноста за последните случувања во ДУТ.

Студентите од ДУТ неодамна се побунија за членската такса од 100 денари која се принудени да ја плаќааат за Студентскиот парламент како и за затворањето на дисперзираните студии на овој универзитет во Скопје.

Извор: Алсат