Распишан е конкурсот за државната награда „Св. Климент Охридски“

Министерството за култура го распиша овогодишниот конкурс за државната награда „Св. Климент Охридски“.

Оттаму посочуваат дека со наградата се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот и заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди, а конурсот е отворен од 1 до 30 јуни.

„Државната награда ја доделува Одборот за доделувањето на  наградата, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата“, велат од министерството.

За првпат доделена во 1969 година, државната наградата се врачува во Собранието на 8 декември – Ден на св. Климент Охридски.