Промоција на новото издание „Human Error“ на Alex Plant утре во Куманово

Во барот „Сидарта“ во Куманово на 13 август (утре, петок) со почеток во 21:30 часот ќе се одржи промоција на новото издание на Alex Plant со наслов „Human Error“.

На промоцијата Alex Plant во живо ќе го изведе нов албум, а најавени се и нумери од претходниот „Times Squared“, како и се уште необјавени песни.

Според најавата за настанот, Alex Plant е музички артист од Македонија со седиште во Лондон, Велика Британија. Неговата музика се карактеризира со истражување на различни музички жанрови вклучувајќи електроника, краутрок, индастриал, ноиз и психоделичен рок.

„Во последните 3 години, спојувајќи го своето животно музичко искуство и вметнувајќи ‘dance’ пристап кон креирање музика успева да создаде уникатно движечко и психоделично искуство. Во жанровска смила, неговата музика е тешко да се дефинира, а слушателите често ја опишуваат како микс од ‘Space Disco’ до ‘Dark Techno’. Верувајќи цврсто во иднината на електронската музика, визијата на Alex Plant е да продолжи да создава уникатна и концептуално инспирирана музика, истовремено поместувајќи ги границите во истражување на звукот“, стои во најавата за настанот.