Проекција на „L’Illusionniste” и дискусија во Социјалниот центар „Дуња“

Како дел од OFF програма на Контра кадар Скопје, вечерва ќе се прикажува анимираниот филм „L’Illusionniste” направен врз основа на последното сценарио на францускиот режисер Жак Тати.

Филмот е исполнет со сите карактеристики што ги прават неговите филмски дела единствени, од чудните манеризми на главниот лик што се префрлени и во анимираниот свет, до нетипичната нарација и центар на дејство пренесени со меланхоличниот стил на анимација.

Како тема е одбрана реченицата што сите си ја кажувале како мали, или „Кога ќе пораснам…“. Ова е клучно и во сите дела на Тати, за неостварените аспирации што луѓето ги имале и ги изгубиле во општество.

Проекцијата ќе се одржи во 19 часот во Социјален центар Дуња. Влезот и дискусијата, како секогаш, се бесплатни.