ПрилепНаТочак: Прилеп е можеби последен во светот по сообраќајна култура

Прилеп, градот кој е последен по сообраќајна култура можеби во светот. Градот каде што треба да се пазиш од секоја страна да не бидеш убиен од автомобилите на жителите на велеградот кој постојано некаде брзаат, а ништо не прават во суштина само денгубат…, се вели во реакцијата на Фејсбук на иницијативата ПрилепНаТочак, од каде објавија и фотографија.

Иницијатијата вели дека во градот пред најголемите државни институции е најголемиот хаос од своеволието на сопствениците на автомобили.

„Градот каде што не е битно кај паркираш, колку возиш, дали поминуваш на црвено, туку само е битно кој си и што си… Градот каде што повеќе обичниот пешак не може да живее нормално, а да не зборуваме за велосипедисти и друга научна фантастика..“, стои во реакцијата на ПрилепНаТочак.