Преку 400 милиони телефонски броеви на Фејсбук корисници протекоа онлајн

Неколку стотици милиони телефонски броеви поврзани со корисничките профили на Фејсбук се јавно достапни на интернет. Серверот од кој протекле овие податоци содржел податоци за повеќе од 419 милиони профили, но бидејќи тој не бил заштитен со пасворд секој можел да пристапи до оваа база на податоци.

Секој профил бил сочинет од уникатното Фејсбук име на корисникот и телефонскиот број поврзан со корисничкото име.

Тимот од ТечКранч потврдиле дека бројни профили во протечената база на податоци е точна, а утврдиле и дека дел од профилите имале информации и за името на корисникот, неговиот пол и локација.

Ова е последен безбедносен пропуст во кој е вмешан Фејсбук, откако следуваа низа на инциденти по скандалот со Кембриџ Аналитика во кој 80 милиони кориснички профили биле злоупотребени за убедување на гласачи во американските избори во 2016 година.