Пред германскиот парламент поставени 13.000 столици за мигрантите од Лезбос

Неколку невладини организации кои им помагаат на бегалците, пред германскиот парламент поставија 13.000 бели столици барајќи евакуација на луѓето од преполните бегалски кампови во Грција, особено од кампот Морија на островот Лезбос, пренесува хрватски „Индекс“.

Столиците ги симболиризираат луѓето кои живеат во катастрофални хигиенски услови во кампот Морија, кој е и најголемиот бегалски камп во Грција, објавија организациите „Seebrücke“, „Sea-Watch“, „Campact“ и „#LeaveNoOneBehindchaises“.

Столиците треба и да ги потсетат општините и провинциите, но пред се градот Берлин, дека соопштија како се спремни да преземат мигранти од преполните кампови.

Од почетокот на годинава, само 465 мигранти од бегалските кампови се евакуирани во Германија, воглавно деца со нивните родители. Берлин вети дека ќе прими повеќе од илјада бегалци.

Повеќе од 12.700 луѓе пак живеат во кампот Морија кој е предвиден да прими само 2.800 луѓе.