Повеќето професори на Правениот факултет на УКИМ се изјасниле против државниот испит

Деканот на Правен, Борче Давитковски, по барање на Студентскиот пленум да донесе став за екстерното, денеска свика Факултетската управа која со стручни аргументи и забелешки, од страна на повеќе професори бил отфрлен концептот за државен испит, популарно познат како екстерен испит на студентите пишува Нова повикувајќи се на извори од Универзитетот Св.Кирил и Методиј.

Конечната одлука ќе биде донесена во петок, а претходно професорите на Управата ќе дебатираат и ќе ги спротивстават аргументите за и против.

Овој потег доаѓа откако Министерството за образование до сите ректори на универзитетите го испрати концептот за државен испит, а потоа, во петокот (5. 12) бил препратен до деканите да го разгледаат и анализираат концептот.

Во исто време, Студентскиот пленум побарал од Деканатот на Правен факултет да се изјасни и да заземе став за екстерното, и според изворот на НОВА, само деканот на Правен факултет, Борче Давитковски свикал за денес Факултетска управа, на денот на маршот на студентите, која резултирала со првично отфрлање на предлогот на Министерството за образование, додека конечниот став се очекува да се изгради до петок.