Посетители ќе бидат обештетени бидејќи добиле „слика без тон“ на концерт на „Бјело Дугме“

После судска постапка од 12 години, организаторите мора да обештет 39 посетители на прошталниот концерт на „Бјело дугме“, кој се одржа на 28 јуни 2005 година на белградскиот Хиподром. Утврдено е дека на 100 метри од сцената, музиката не се слушала добро, па 39 посетители кои го тужеа организаторот поради тоа добиле „слика без тон“. Тие ќе добијат надомест од 1.000 динари, колку што платиле влезница, и тоа со камата за сите години наназад, пишува „Вечерни новости“.

Ова е епилогот на маратонскиот судски спор кој траеше 12 години. За сите овие години се одржаа повеќе од 30 рочишта. Првата пресуда беше во корист на организаторот на концертот, Music Star Production, a на повтореното судење е утврдено дека посетителите, сепак, не можеле убаво да слушнат музика, иако платиле карта за концерт и тоа морало да им биде овозможено.

Разочараната група посетители биле од Нови Сад, Сомбор, Белград, Оџак, Трстеник, Краљево…

Арсениј и Гордан Катаниќ уште пред 12 години во име на уште 150 граѓани од Нови Сад побарале концертот да биде повторен, или да им ги вратат парите. Но, како што времето минувало, бројот на тужители од 150 „паднал“ на 39. Секој од нив, како надоместот за материјална штета треба да добие од 2.000 до 2.500 динари. Бидејќи организаторите не сакаа доброволно да платат, сега се врши присилна наплата, чија постапка е во тек.

Сопственикот на Music Music Production, Радомир Рака Мариќ, за „Новости“ изјави дека ова е „светски безобразлук“ и праша како 250.000 луѓе го слушнале целиот концерт на Хиподром, за разлика 39-те кои го тврдеа спротивното.

Ниту еден од членовите на „Бјело дугме“ не бил сослушан на ниту едно рочиште.