Порталб: Студентскиот дом во Тетово, кој се ветува од 2016, се очекува да биде изграден во мај 2021 година

Цената што странските студенти ја плаќаат во Тетово за приватни станови достигнува и до 350 евра. Поради немање студентски дом, студентката Б.А се жали дека има проблеми да најде цимерка, а нема пари станот да го плати сама, пишува Порталб.мк, пренесе Мета.

Студентите од Косово што студираат на Универзитетот во Тетово, а кои не можат да си дозволат да плаќаат кирија за стан, сега се приморани да патуваат и за обичен документ.

Студентката Б.А за Порталб вели дека тешко е да се најдат повеќе цимери, а цената на киријата не може да си дозволи да ја плаќа сама.

„Цената е висока ако сте двајца или сте сами, но не секој има можност да живее со само еден цимер или да најде уште тројца други“, вели за Порталб студентката на Универзитетот од Тетово, Б.А.

Според информациите од Министерството за образование и наука, изградбата на студенскиот дом треба да заврши во мај или јуни следната година.

„Тоа е инвестиција вредна 166,5 милиони денари и истата се реализира во согласност со планираната динамика. Со проектот подготвен од Универзитетот во Тетово, објектот ќе има 305 легла,“ соопштија од Министерството за образование и наука.

Покрај студентските соби за сместување, во студентскиот дом предвидено е да има и технолошка просторија, читална, сала каде студентите ќе можат да вежбаат фитнес, просторија за јадење итн.

Истиот ден кога Владата во 2016 година го одобри законот за основање на Универзитетот „Мајка Тереза“ беше најавена изградба на студентски дом во Тетово, а истата година беше отворен и тендерот за изградба на овој студентски дом.

Сепак, и покрај фактот дека тендерот за изградба беше отворен во септември 2016 година, немаше одлука за започнување со работа, а оваа одлука беше официјално донесена на крајот на март 2018 година и беше предвидено да се финализира во април оваа година.