Политичко учество на лицата со попреченост – јавна дебата во Куманово

Во понеделник (11 декември) во 12 часот во Голема сала на општина Куманово здружението Инклузива организира јавна дебата на тема „Политичко учество на лицата со попреченост“.

Еден од говорниците ќе биде лице со оштетен вид, а најавени се и претставници од граѓански организации, Државната изборна комисија и градоначалникот на Општина Куманово.

„Политичкото право е загарантирано право во демократските земји и не се однесува само на политичкиот и изборниот процес туку подразбира и активна вклученост со делување во сите развојните процеси. Исто така, ова право обезбедува поголемо учество на граѓаните со попреченост во процесот на донесување одлуки што влијаат врз нивниот живот и врз остварувањето на основните права и слобода, благосостојба и заштита“, посочуваат организаторите.

Од Инклузива ги повикуваат сите заинтересирани да земат учество во дискусијата која, според нив, ќе допринесе во иднина да се планираат промени и процеси со кои ќе се обезбеди, почитување, гарантирање и заштита на човековите права и слободи на лицата со попреченост и нивните семејства.

Настанот е поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество.