Полицискиот час викендов ќе почнува од 19 часот

Полицискиот час за време на викендот се скратува, односно, забраната за движење во сабота и недела ќе почнува од 19 и ќе трае се до 5 часот, соопштуваат од Владата.

Младите под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, додека возрасните граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 5 до 12 часот, се додава во соопштението на Владата.

Во меѓувреме, оттаму информираат дека на сила остануваат и сите други мерки за заштита од Ковид-19 кои се донесени од Владата.

Од министерството за здравство денеска информираа дека во текот на изминатото деноноќие се регистрирани 14 новозаразени, 20 оздравени и едно починато лице од новиот коронавирус.

МЗ: 14 новозаразени, 20 оздравени и едно починато лице од Ковид-19 во изминатите 24 часа