Поетот Никола Маџиров гостува во Париз

Поетот Никола Маџиров, кој е избран за лауреат од областа на книжевноста на градот Париз и Францускиот институт во Париз за 2016 година, на 5 јануари ќе замине во француската престолнина, каде од овој месец до почетокот на април ќе престојува како автор-гостин во Центарот за уметници „Реколет”.

Жирито составено од експерти секоја година селектира четири до пет современи писатели и освен Маџиров, селектирани се и прозаисти и поети од САД, Ирска, Белорусија.

Поезијата на Маџиров е објавена во неколку француски списанија за литература. Тој во Франција ја доби меѓународната награда „Левир Литерер”, а „Европската асоцијација на книжевници“ со седиште во Париз, го избра за член на европското книжевно жири за 2015 година.