Победа за еко-активистите – Германија ги затвори последните три нуклеарни централи

Германија вчера ги затвори последните три нуклеарни централи, 12 години по катастрофата во Фукушима која го забрза процесот на напуштање на нуклеарната енергија во земјата.

Затворањето на реакторите во Емсланд, Некарвестхајм 2 и Исар 2 претставува и голема победа за гласните германски анти-нуклеарни еколошки движења.

Германија минатата година го одложи затворањето на овие централи, кои обезбедуваа околу 6,5% од електричната енергија во 2022 година, откако Русија ја намали доставата на гас што предизвика загриженост околу можните недостатоци на енергенси преку зимата.

Земјата започна да ја напушта нуклеарната енергија пред повеќе од две години, по долгата борба на активистите против оваа технологија. Сепак, во 2010 година, тогашната канцеларка Ангела Меркел најави продолжување на животниот век на нуклеарните централи во земјата и дека тие ќе функционираат најмалку до 2036 година.

Оваа политика беше променета веќе следната година по цунамито кое ги уништи реакторите на нуклеарната централа Фукушима Даичи во Јапонија, што предизвика нови анти-нуклеарни протести и политичка волја за конечно ставање крај на оваа технологија.