По јавните критики, Општина Тетово ги поправа вело патеките кои ги обележуваше минатата недела

По критиките во јавноста за несоодветно поставување на велосипедските патеки, Општина Тетово коригираше дел од очигледните грешки направени минатата недела, кога се пофали  дека долж градските булевари се поставува нивна хоризонтална сигнализација.

Од сликите кои ни ги испратија тетовци, се гледа дека градските служби ја отстраниле високата препрека во центарот на градот, која се најде среде велосипедската патека, а велат дека се поправаат грешките и на други мести.

Инаку, откако минатата недела општината јавно се пофали дека ја средува сигнализацијата на вело патеките, она што го привлечe вниманието на јавноста беа примерите каде патеката ја сечат препреки и високи тротоари. Граѓаните ги искористија социјалните мрежи за да покажат какви импровизации се прават при поставувањето на патеките.

Shtigjet për biçikleta në Tetovë janë reflektimi më i mirë i mendësisë së qeverisjes përmes improvizimit – pa strategji, pa qasje serioze dhe veç sa për sy e faqe!

Posted by Sefer Selimi Jr. on Sunday, April 18, 2021