Проекции на „Welcome to Norway“ и дискусии во Тетово и Охрид

Младински образовен форум (МОФ), во партнерство со УНХЦР организира филмска недела во Охрид и во Тетово, каде присутните ќе имаат можност да го гледаат филмот „Welcome to Norway“ во режија на норвешкиот режисер Rune Denstad Langlo, по што ќе следува и дискусија за импресиите од филмот.

Филмските проекции ќе се одржат на 13 септември во Тетово во просториите на Центарот за балканска соработка ЛОЈА со почеток од 18:30 часот и во просториите на Касарна Хаб во Охрид на 15 септември со почеток од 19:30 часот.

„`Welcome to Norway` се фокусира на желбата на еден човек да направи сѐ што е во негова моќ за да не ги изгуби работите во кои вложил најмногу: неговиот хотел и неговото семејство. Дали ќе успее во својата намера, ќе заклучите вие самите на дискусијата која ќе следи по завршувањето на филмот“, велат од МОФ.

Сите заинтересирани своето присуство треба задолжително да го пријават на формуларот на следниов ЛИНК, најдоцна до вторник (13 септември), 12:00 часот на пладне.

Оваа активност е финансирана со средства на Миграцискиот повеќепартнерски доверителски фонд, во заедничкиот проект имплементиран од Агенцијата на ОН за бегалци, УНХЦР и партнерските агенции на ОН. Содржината создадена во рамките на активноста не нужно ги отсликува ставовите на Фондот, УНХЦР и партнерските организации на ОН.

Повеќе информации на следниов ЛИНК.