Недела на филмски проекции и дискусија за Светскиот ден на бегалците од 20 јуни

По повод Светскиот ден на бегалците – 20 јуни, Младинскиот образовен форум (МОФ), во партнерство со УНХЦР и Делегацијата на Европска Унија организира три проекции на филмот „Welcome to Norway“ во просториите на „Europe House“ во Скопје, Струмица и Крива Паланка.

По филмската проекција, организаторите посочуваат дека ќе има дискусија на која ќе можат да се разменат мислења и ставови околу содржината на филмот и да поразговараат околу различни теми поврзани со мигрантите, бегалците и барателите на азил.

„Под ризик да ги загуби и хотелот и семејството, главниот јунак добива идеја која би решила се: тој го претвора хотелот во центар за азил на бегалци и покрај неговиот општ скептицизам кон нив. Но, кога првиот автобус натоварен со баратели на азил пристигнува во неговиот стар хотел, предизвиците почнуваат. Педесет премрзнати бегалци, еден оптимистичен Африканец, норвешката Дирекција за имиграција, депресивна сопруга и ќерка тинејџерка брзо стануваат голем товар. Филмот се фокусира на желбата на еден човек да направи сѐ што е во негова моќ за да не ги изгуби работите во кои вложил најмногу: неговиот хотел и неговото семејство“, стои во најавата за настанот.

Распоред и време на филмски проекции
Проекција на филм во Europe House Скопје – 20.06.2022 – 19:30 часот
Проекција на филм во Еurope House Струмица – 22.06.2022 – 18:00 часот
Проекција на филм во Europe House Крива Паланка – 23.06.2022 – 19:30 часот

Заинтересираните за настанот е потребно задолжително да го пријават присуството на формулар на следниов ЛИНК, најдоцна до понеделник, 12 часот, напладне.