Пеш од Истанбул до Ерусалим во знак на протест за одлуката на Трамп

35-годишниот Нуретин Коч одлучи да тргне пеш од Истанбул кон Ерусалим во знак на протест поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел.

Коч тргнал на пат на 17 декември, и досега успеал да стигне до градот Болу, што се наоѓа на 262 километри од Истанбул.

Тој посочил дека за пет до шест денови би требало да стигне до Анкара, од каде ќе се упати кон Хатај.

Турчинот, смета дека во Ерусалим ќе стигне за околку два месеци.

„Во Ерусалим со години има насилство. Секој треба да направи нешто за Ерусалим. Јас како муслиман, како човек, се запрашав што би можел да направам и одлучив да тргнам на пат“, вели Коч.