Панел дискусија „Кон еднакво општество за сите“ на 21 ноември

Еднаквоста како идеал на едно општество бара макторпни процеси на општествено менување, велат организаторите на панел дискусијата „Кон едно општество за сите“, која на 21 ноември ќе се одржи со фокус на припадноста на определена маргинална заедница и потребата активистички да се менуваат перцпециите, ставовите и вредностите во општеството.

„Активизмот на маргинализираните заедници и постојаниот порив за еднаквост , барањето надежи за борба, измореност, истоштеност, повторната инспирација, спрегата со институциите и охрабрување на својата заедница колективно да се бори за своите права се само дел од постојните состојби во коишто активистите за еднаквост живеат“, велат организаторите на панел дискуријата.

На дискусијата ќе се разговара за предизвиците со дискриминацијата, но и клучните борби што допрва следат за три многу важни заедници во нашето општество: жените ромки, лицата со попреченост и трансродовите луѓе.

Говорниц/чки на панел дискусијата ќе бидат Алмира Фасљии- активистка за правата на Ромите, ќе има претставник на Трансформа – иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица, а ќе зборува и Љуљета Адеми – активистка за правата на лицата со поинакви вештини и советничка на претседателот за лицата со попреченост.

Панел дискусијата ќе се одржи на платформата Zoom. За да присуствувате е потребна задолжителна регистрација на следниот линк: https://forms.gle/eoxXhx1FBPiiJ9oN9.

Панел дискусијата е организиранa од младински активисти и учесници на проектот „АнтидискриминАКЦИЈА- Младински активисти против дискриминација и за промоција на еднаквост“ поддржан од Европската младинска фондација при Советот на Европа.