Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на 27 април

Во четврток (27 април) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје ќе се одржи отворен ден за идните студенти, во два термини од 10 и 12 часот со физичко присуство на секој од факултетите.

На настанот, како што посочуваат од УКИМ, ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите и центрите за кариера.

„Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности.
Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, предавални, лаборатории“, велат од УКИМ.