Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 19 август

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје информира дека на 19 август ќе го организира традиционалниот настан „Отворен ден на УКИМ“.

Настанот ќе се одржи со физичко присуство во просториите на секој од факултетите во два термина, од 10 до 12 часот и од 12 до 14 часот часот.

„Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сѐ што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практиканството, за кариерните можности“, стои во најавата од Универзитетот.

За време на отворениот ден, ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите и центрите за кариера.