Македонските универзитети потонаа на ново рангирање на високото образование [Инфографик]

Речиси сите македонски универзитети и високошколски установи имаат пад на новото рангирање кое го објави webometrics.com. Од вкупно 22 универзитети, само 5 се подобро рангирани во споредба со податоците од пред шест месеци.

Најголем пад на листата има Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе, кој назадувал преку 2000 позиции на листата. Големи падови имаат и Универзитетот за туризам и менаџмент (-1449 места), Универзитетот Американ Колеџ (-1040 ) и Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола (-865).

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) се најде на 1.594 место во светот, што е пад од 101 место во споредба со рангирањето пред половина година. Во споредба со регионот, најголемиот македонски универзитет се наоѓа далеку зад најголемите универзитети во Грција, Србија, Словенија, Бугарија и Хрватска, додека подобро стои од универзитетите во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово.

На оваа платформа рангирани се преку 31.000 високошколски установи низ светот, а се мери комбинација во која се употребува веб-аналитика на видливост на универзитетите, цитираност на научни трудови и објави на научни списанија.

Повеќе детали погледнете на инфографикот во продолжение:

Даниел Евросимоски