Осуммина починати, 99 новозаразени и 214 оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале осум лица, односно, двајца пациенти од Тетово на 60 и 71 година, пациент од Делчево на 78 години, пациент од Струга на 63 години, од Скопје на 59 години, од Дебар на 52 години и двајца пациенти од Охрид на 70 и 94-годишна возраст. Седум од нив се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат вон болница.

Во изминатото деноноќие се потврдени 99 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 33 случаи во Скопје, 14 во Охрид, седум во Куманово, по шест во Прилеп, Битола, Кочани и Делчево, пет во Штип, четири во Тетово, три во Македонски Брод, по два во Струга и Велес и по еден случај е регистриран во Гостивар, Гевгелија, Струмица, Крива Паланка и Виница.

Институтот за јавно здравје регистрирал 214 оздравени пациенти, односно, 48 од Скопје, 25 од Куманово, 23 од Струга, 22 од Кавадарци, 21 од Гостивар, 11 од Штип, десет од Свети Николе, девет од Прилеп, осум од Струга, шест од Берово, по четири од Битола, Гевгелија и Делчево, по три од Кичево и Неготино, по два од Охрид, Кочани, Пехчево, Виница и Кратово и по еден оздравен од Крива Паланка, Радовиш, Валандово

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15226, бројката на оздравени пациенти е 12700, на починати е 631, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1895“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се осум пациенти, а вкупно се хоспитализирани 81 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 59, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се две деца и три мајки позитивни на Ковид-19, четири деца и три мајки суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122, позитивни и сомнителни на ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 159.387 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.384 теста.