„Остај не ми збори“ – работилница за менталното здравје на идните студенти

„Oстај не ми збори“ е иницијатива покрената од Асоцијација на студенти по социјална работа АССР – Скопје, по повод месец Мај – месецот на свесност за менталното здравје.

Тоа е отворена шанса за сите средношколци кои ќе присуствуваат на Отворениот ден – Запознај го УКИМ слободно, јавно или анонимно да зборуваат за своето ментално здравје без да се плашат дали ќе бидат прифатени или не.

Настанот ќе се одржи во сабота, 5 мај, со почеток во 11 часот.

АССР како студентска организација, се залага за правата на студентите кои исто така подразбираат слобода на говор и кршење на стигмите и предрасудите кои се присутни помеѓу младите, бараат од младите отворено да говорат за своите проблеми, ставови, размислувања.

„Добро ментално здравје значи чувство за добросостојба, самодоверба и самопочит. Ни овозможува да уживаме во целост и да ги почитуваме другите луѓе, секојдневието и средината“, велат од иницијативата.