#Одговорност е Битола да не биде најзагаден град во Македонија

Стартува грејната сезона, а битолчани ги чекаат информациите каков воздух дишат и колку често се гушат во смог. Чадот, мирисот на изгорено, маглата, стануваат секојденевие. Граѓаните се жалат на потешкотии во дишењето, очите печат, грлото гребе… Има денови кога битолчани се изложени на висока концентрација на ПМ 10 честичките дури и до дваесет пати над дозволените концентрации.

Годишните извештаи на Министерството за животна средина, покажуваат дека Битола на годишно ниво во просек има 100-150 дена со високо присуство на ПМ10 честички, а дозволени се надминувања на вредностите во само 35 дена од годината.

Години наназат повиците на граѓанскиот сектор и опозицијата во градот се вперени кон Општина Битола.

Секако тука е и ефектот од работата на РЕК Битола и немањето на филтри на оџаците на термоектраните . Целата оваа слика ја вбројува Битола меѓу топ десете жешки еколошки точки во Македонија, но за жал и во Европа.

Еколошките здруженија бараат стратегија, конкретни решенија и чекори за горливиот проблем со загадувањето. Да се воведе одржлива сообраќајна политика, регулирање на јавниот превоз, изградба на пешачки зони и велосипедски патеки, чистење на десетици диви депонии, решенија за греење во домаќинствата…

Затоа одговорност е да се постават филтри на оџаците на РЕК Битола, енергетско-ефикасни фасади на објектите на институциите. Одговорност е промена на начинот на затоплување на училиштата, наместо на мазут и нафта со палети и друг вид на енергија.

  1. Битола на годишно ниво во просек има 100-150 дена со високо присуство на ПМ10 честички;
  2. Битолчани се изложени на висока концентрација на ПМ 10 честичките дури и до 20 пати над дозволенитеконцентрации;
  3. Битола меѓу топ 10 еколошки точки во Македонија, но за жал и во Европа;

*Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED – National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа.