Од буџетот ќе се издвојат скоро 150 000 евра за нов систем за греење во студентскиот „Кузман“

На 144 седница Владата донесе одлука за одобрување средства од Буџетот за 2019 година во висина од 9 милиони денари (околу 150 000 евра) за замена на системот за греење на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.

„Со оваа одлука, согласно препораките од Планот за чист воздух и од Програмата за намалување на аерозагадувањето на Владата, ќе се замени системот за затоплување на домот за кој сега се користи мазут кој емитира повеќе од 28 килограми PM2.5 и исто толку PM10 годишно“, стои во соопштението од Влада.

Оттаму посочуваат дека студентскиот дом ќе биде претплатен на системот за централно греење во Град Скопје. Проценуваат дека трошоците за греење ќе останат слични, а загадувањето за загревање на студентскиот дом ќе се намали за седум пати.