Новата апликација на Сноуден го претвора мобилниот телефон во систем за безбедност

Едвард Сноуден е познат по тоа што го разоткри надзорот на американската влада, но истовремено пропагира методи кои на корисниците им помагаат да се заштитат од неовластено прислушување/следење.

Откако го претстави енкриптираниот месинџер под називот „Сигнал“, Сноуден сега создаде уште една апликација која покрива поинаква област во заштитата на корисниците – заштита од физички пристап на нечиј уред.

Сноуден ја сподели апликацијата Haven: Keep Watch, како дел од проектот „Гардијан“, а која го претвора стариот Андроид телефон во импровизиран систем за надгледување или надзор. Апликацијата ќе го известува корисникот кога ќе забележи движење во собата во која се наоѓа лаптопот или друга важна опрема, снимајќи звук, а може дури и го преведе записот од акцелеметарот на телефонот за да утврди дали телефонот е преместен.

Оваа безбедносна апликација се уште е во бета фаза и не е целосно завршена.