#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Љубица Ристовска

Денес во рубриката #НизТвојотОбјектив ѕиркаме во фото албумот на Љубица Ристовска, студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

За оваа фотографија, Ристовска открива дека е првата што ја направила со нејзиниот фотоапарат

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.