#НизТвојотОбјектив – „Свиткани кичми, слобода“ од Леон Шумански – роуз

Денес во рубриката #НизТвојотОбјектив ви го претставуваме циклусот фотографии „Свиткани кичми, слобода“ од Леон Шумански – роуз.

„Темата на мојот фото-есеј ‘Свитĸани ĸичми, слобода’ е хуманистичĸа, улична, многу често диреĸтна и без еуфемизми. Фотографиите се направени на аналогна ĸамера, филм од 35 мм (leica формат), од почетоĸот на мојот престој во Словенија, во Марибор, Грац и Љубљана“, вели тој.

„Свитĸаните ĸичми се мотивот на мојата работа, луѓето чии лиĸови и тела нема да ги најдете во галериите, социјалната нерамнотежа и движењето. За свитĸани ĸичми, слобода!“, истакнува Леон.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.