Непрофитната организација „AIESEC“ регрутира нови членови

„AIESEC“ ги повикува сите млади кои сакат да волонтираат и бидат дел од најголемата младинска организација.  Како глобална организација со фокус на развивање на лидерскиот лидерскиот потенцијал кај младите, „AIESEC“ нуди можности за развивање преку практично искуство во различни области и преку интернационални размени.

„Дел од придобивките како членови во „AIESEC“ се развивање комуникациски вештини, работење во тим, лидерско искуство, проектен менаџмент и многу други меки и тврди вештини кои самата организација знае дека се иманентни за целосен развој на лидерскиот потенцијал кај младите, како вмрежување, интернационални односи и комуникација и стратегиско размислување“, велат од организацијата.

Новите членови кои ќе се пријават за регрутацијата ќе бидат дел од тимот за проектен менаџмент „Macedonia eternal“, мултикултурен проект, кој има за цел да решава општествени проблеми во нашата земја.

Заинтересираните можат да се пријават со пополнување на апликацијата.